Мајка и бебе починаа во експлозија во фабрика за огномет на Малта
Силната експлозија во фабриката за огномет „Та’ Лурдес“ на Малта се случи само еден ден по објавувањето на резултатите од општите избори, потсетувајќи на две трагични несреќи што ја потресоа земјата во минатото во сличен период.

Според малтешкиот портал „Индипендент“, во март 1992 година мајка и нејзиното бебе загинале кога силна експлозија во фотостудио предизвикала уривање на станбена зграда и простории на Лабуристичката партија во Паола.
Уште една трагедија се случила во март 2008 година, кога жена загинала откако нејзиниот стан се урнал по експлозија на нелегално произведени пиротехнички средства во соседна гаража. Во несреќата животот го загубил и мажот кој ракувал со огнометот.
Најновиот инцидент во Магтаб засега не однесе човечки жртви, но повредени се двајца мажи врз кои паднале остатоци од експлозивни направи по силната детонација во фабриката за огномет.
Надлежните служби сè уште ги утврдуваат причините за експлозијата, која беше проследена со повеќе помали детонации и густ чад видлив од повеќе делови на островот.





