Русија за првпат забрани извоз на авионско гориво


Руската влада за првпат забрани извоз на авионско гориво, познато и како керозин, пренесе ДПА.

„Целта на одлуката е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива“, се вели во соопштението на руската влада објавено денеска.

Предвидено е мерката да остане во сила заклучно со 30 ноември.

Од регулативата се изземени количините керозин кои веќе се наоѓаат на царина или се испорачуваат врз основа на билатерални владини договори. Полнењето гориво на странски авиони на руските аеродроми исто така ќе остане возможно.

Ова е првпат Русија да воведе вакви ограничувања за авионското гориво, кои следуваат по воведувањето слични регулативи за продажба на бензин и дизел во странство.

Заднината на овие мерки се тековните напади со дронови од страна на украинската војска врз руската нафтена индустрија.

Киев се бори против руската инвазија повеќе од четири години. Само во мај беа оштетени 16 руски рафинерии, вклучувајќи 8 од 10-те најголеми.

Преработката на сурова нафта во Русија сега е на најниско ниво во последните повеќе од десет години.

На Кримскиот Полуостров, кој е под руска окупација, возачите од викендов можат да полнат гориво само со приложување на картички за рационализација (купони) или во мали количини.

Забраната за извоз на керозин имаше мало влијание врз глобалниот пазар, на кој Русија учествува со околу 2 отсто.

Турција досега беше главниот купувач

Back to top button
Close