Јакимовски- Еве го премиерот се истопори да отвори детски базен во Карпош кај спортската сала Наум Наумовски – Борче или Партизан 4.
·
Добро е што овде отвара базен, оти се утепаа правејќи пресови кај неговите градоначлници и кога ќе сменат 3-4 врати од некое училиште или градинка.
Но, проблемот не е во тоа, туку во лицемерието и фолиранството. Се прашувате зошто. Затоа што овој базен е речиси години и половина готов, но не го пуштаа во употреба најпрвин поради мене додека јас бев градоначалник, а изминативе 7 месеци да се подзаборави и да се мисли еве тие за волку кратко време направиле базен.
Велам повеќе од година и половина е готов зошто одбиваа да се сретнат со изведувачот и да им го предаде во употреба за да барем сликањето во нивните глави има смисла.
Ако тоа го направеа минатата година, јасно ќе беше како ден дека тие не го направиле.
Значи се китат со туѓи перја.
А кога чавката се кити со туѓи перја не личи на сокол туку на був
Премиерот Мицковски заедно со министерот за спорт Ристовски и „заменскиот“ градоначалник на Карпош денеска го отвориија детскиот покриен базен Карпош4 кој беше изграден во време на градоначалствување на Јакимовски а министерот Ристовски како што беше обвинуван се оглушувал да даде дозвола базенот да биде отворен затоа што Јакимовски не е од неговата ВРО ДПМНЕ и одбегнуваше базенот да биде пуштен во употреба пред локалните избори.






