Филипче: Сите ќе јадеме корења, а претставници од Владата со владин авион ќе одат на море

Додека пола Влада на ВМРО-ДПМНЕ има бугарски односно европски пасоши, сите други во државата сега треба да чекаат со децении и да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а владините претставници со владиниот авион да одат на море.

Дали е тоа патриотизам? Не, тоа е само едно големо лицемерие. Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат во Европа затоа што таму европското судство носи европско обвинителство, и сето тоа носи одговорност“ рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче порача „рековме одамна – поддржуваме внесување на малцинствата во Уставот, така граѓаните ќе видат вистински бенефит“.

 

Back to top button
Close