(Видео) Јакимовски- Вака изгледа Карпош управуван од два тројца градоначалници и специијален надзор на премиерот


Трева до колена.
🪑 Искршена урбана опрема.
🌳 Исушени дрвја.
Вака денес изгледа Карпош.
И тоа не во време кога никој не управува со општината, туку во време кога со Карпош управуваат два-тројца градоначалници, седум-осум советници, под специјален надзор на Претседателот на Владата, а згора на сѐ и Градоначалникот на Скопје.
Толку многу „грижа“, а толку малку резултати.
Карпош никогаш не изгледал полошо.
Карпош никогаш не личел повеќе на запуштена нива отколку денес.
❗ Наместо уредени паркови – коров.
❗ Наместо одржување – негрижа.
❗ Наместо работа – изговори.
Граѓаните не бараат чуда.
Бараат ред, чистота и домаќинско работење.
А тоа или го знаеш, или не го знаеш.
#Карпош
#РаботаНеИзговори
#КарпошЗаслужуваПовеќе
#РедНаместоХаос
#РезултатиНеПриказни

Back to top button
Close