Бизнис-партнер на Миле Јанакиески ќе ги брендира новите автомобили на Пошта

Акционерското друштво за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија во државна сопственост избра фирма која ќе ги брендира возилата за разнесување на пратки што ги донираше Владата, односно граѓаните, пренесе Фокус.

Предмет на договорот е „означување и брендирање на службени возила“, набавката од мала вредност ја доби компанијата Заштитно друштво печатница „ГРАФО ПРОМ Битола ДООЕЛ“ која достави најниска цена.

Оваа фирма ќе треба да им залепи лепенки на вратите на 100 возила, 90 автомобили пикап и 10 комбиња.

„ГРАФО ПРОМ“ од Битола е компанија која се занимава со печатење и маркетинг услуги од 2000 година. Во 2025 година остварила приходи од 60 милиони денари, од кои профит се 14,7 милиони денари.

Повеќе

Back to top button
Close