Се согласувам дека нема испорака во борбата со корупцијата, изјави Муцунски за извештајот на Вајц

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски рече дека работат на изнаоѓање на решенија кои се однесуваат на нашата држава, иако Бугарија го прекршува Договорот за добрсоседство. Тој ова го изјави во одговор на новинарско прашање дали размислуваат да го раскинат договорот За добрососедство, бидејќи постои таква можност.

Извештајот на Томас Вајц, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, според министерот Муцунски има забелешки, но и пофалби за посветеноста на реформите, како и во делот на усогласеноста на надворешната безбедносна и одбранбена политика на Европската унија.

Сепак, заблешките кои се однесуваат на доцнење со реформите во правосусдството и во борбата со корупцијата на високо ниво, според министерот е балансаиран. Тој рече дека се согласува со делот од извештајот каде се вели дека нема испорака во борбата со високата корупција.

-Во нацрт извештајот има и пофалби за одредени реформи кои се направени и поврзано со надворешната политика. Забелешките се во делот на владеење на правото и поврзано со реформите. Извештајот во тој дел е балансиран и онаму каде дава дека нема испорака на пример во борбата против високата корупција за што и јас се согласувам дека правосудството не врши испорака на реформи поврзани со високата корупција. Сите сме сведоци за предметот поврзан со мазутот. Тоа е балансиран извештај и ние како држава не се согласуваме со се што има во него но немаме право да даваме рецензенти на тој извештај, изјави Муцунски во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека Владата има изградено свој став да продолжат посветено да работат на реформите.

Наредната недела според министерот можни се средби на високо ниво со Бугарија, иако засега нема ништо конкретно договорено. Во еден од амандманите предложени од Буграија е дека треба да има и меѓувладина седница, што според министерот не е проблем да има вакви средби, но дека засега за такво нешто нема услови.

-Тоа се состаноци на високо ниво и несомнено е дека треба да водиме дијалог со Бугарија. Но, тоа не е проблем. Проблемот е тоа што Бугарија го прекршува Договорот за добрососедство. Да го тргнеме на страна тоа дали договорот е добар дали е лош. Бугарија се има обврзано дека ќе го поттикнува и поддржува нашиот евроинтеграциски пат, но не го прави тоа. Ако ме прашате дали треба да имаме повеќе средби на високо ниво, да треба да има. Ние го немаме изборот и луксузот како европска држава, како земја членка на НАТО да се тргнеме од комуникацијата со нашите соседи, колку и да биде тешка таа комуникација, изјави Муцунски.

Back to top button
Close