Макрон пристигна во официјална посета на Црна Гора
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска пристигна во прва официјална посета на Црна Гора.

Макрон беше пречекан од црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.
Францускиот претседател ќе престојува во Цетиње, каде Милатовиќ ќе му врачи Орден на Црна Гора, највисокото државно одликување.






