(ВИДЕО) Се скрши тркалото на авион на Луфтханза во Франкфурт – има повредени


Неколку лица беа повредени денес на аеродромот во Франкфурт кога паркиран авион падна на пистата поради дефект на предното тркало.

Паркиран Боинг 787 на Луфтханза се урна денес на пистата на аеродромот во Франкфурт кога предното тркало на авионот се лизна неконтролирано, соопшти портпаролот на аеродромот.

Според извештаите, инцидентот се случил денес околу 12:45 часот додека авионот бил паркиран до терминалот, пренесува „Тагешау“.

Луфтханза соопшти дека предниот слетувачки механизам на Боинг 787-9 одеднаш се срушил додека авионот бил паркиран на Терминал 1.

Во таа прилика беа повредени неколку вработени, соопшти авиокомпанијата.

Авиокомпанијата не прецизираше колку лица се повредени ниту каква е сериозноста на нивните повреди.

Техничари и екипи за итни случаи се на местото на настанот.

Луфтханза изјави дека екипажот и персоналот на земја биле во авионот во тој момент и дека патниците сè уште не се качиле.

Авионот требало да полета за Лос Анџелес.

Back to top button
Close