Силен земјотрес ја погоди Грција, епицентарот на островот Евиа

Грција беше погодена од земјотрес со магнитуда од 5,3 степени во 9:58 часот по Гринич (12:58 часот по локално време), објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од пет километри. Епицентарот бил 13 километри југоисточно од селото Мантуди на грчкиот остров Евиа.

Следувале уште неколку земјотреси само четири минути подоцна, со магнитуда од 4,2 до 5,0 степени. Епицентарот бил на длабочина од 11 километри, пет километри североисточно од градот Лимни.

Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.

Земјотресите со јачина помеѓу 5,0 и 5,9 степени според Рихтеровата скала се сметаат за умерени и можат да предизвикаат различен степен на штета.

Back to top button
Close