На три локации во Скопје пронајдени тројца починати, телата се предадени на обдукција

Веста дека во Скопје, во еден ден, се пронајдени три тела на починати мажи ја вознемири јавноста.

Во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково,скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково,скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти МВР.

Попладнето, пак, во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција, соопшти МВР.

Вечерта во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69).

Како што соопштува МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close