Лукровски не е неоправдано отсутен, тврдат од Карпош, во моментов користи боледување

Градоначалникот Сотир Лукровски не е неоправдано отсутен, тврдат од Општина Карпош откако во медиумите се прошири информација дека тој сѐ уште не доаѓа на работа иако боледувањето му завршило на 30 мај.

Не се вистинити тврдењата дека градоначалникот Сотир Лукровски неоправдано отсуствува од работа. Имено, градоначалникот на Општина Карпош во моментов користи боледување и сето тоа е во согласност со Законот за работни односи. Во оваа пригода би сакале да напоменеме дека неговите обврски ги презема заменик – градоначалникот Неделчо Крстевски, при што ве уверуваме дека функционирањето на локалната самоуправа се одвива непречено и со предвидената работна динамика – велат од Општина Карпош за „Слободен печат“.

еновиве, одговарајќи на новинарско прашање зошто Лукровски сè уште не се вратил на работа иако неговото комисиско боледување траело до крајот на мај,  премиерот Христијан Мицкоски изјави дека според информациите со кои располага, здравствената состојба на градоначалникот не му дозволува враќање на работното место.

Јас како што знам, Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош. Здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување, се надевам дека сè ќе биде во ред и ќе се врати на редовно извршување на работите, изјави Мицкоски.

Back to top button
Close