Петгодишно дете се затруло со лековите на баба му

Петгодишно дете од гостиварското село Чегране било префрлено на Детската клиника во Скопје откако се затруло со лекови што ги проголтало во домот на своите баба и дедо.

Како што информира СВР Тетово, на 8 јуни во 18:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар Гостивар, каде детето било донесено поради труење со лекови.

Според изјавата на мајката Н.А. (25), настанот се случил околу 17 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо. Поради невнимание, малолетникот дошол во допир со таблети оставени на лесно достапно место од страна на бабата и ги проголтал, по што му се влошила здравствената состојба.

Детето било затекнато во стабилна и контактибилна состојба. По укажаната првична медицинска помош во Гостивар, било префрлено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега и дополнителни испитувања.

Back to top button
Close