ВИДЕО: Важни препораки за правилно третирање на тутунот

СЕКЕ Прилеп ги информира тутунарите за правилното третирање на тутунот и за препаратите што треба да се користат во производството, со цел да се зачува квалитетот на производот, здравјето на производителите и сигурноста при откупот.

Во препораките се наведува дека тутунот треба да се третира исклучиво со препорачани препарати. За заштита од плевели се препорачува Chlomazone, за заштита од штетни инсекти Sivanto Prime, а за заштита од болести Rival.

СЕКЕ Прилеп потсетува дека тутунот е инвестиција и приход за целата година, поради што секој третман треба да се прави внимателно, навремено и според упатствата. Употребата на неодобрени и непрепорачни препарати може сериозно да го наруши квалитетот на тутунот и подоцна да предизвика проблеми при откупот.

Тутунарите треба да ги почитуваат дозите и времето меѓу прскањето и бербата. При третирање задолжително треба да се носат ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се прска при ветер, а по третманот потребно е темелно миење.

Препаратите треба да се чуваат на безбедно место, во оригинална амбалажа, надвор од дофат на деца. Важно е и навремено сервисирање и правилно одржување на опремата за прскање.

Агрономите и експертите од СЕКЕ Прилеп се достапни за консултации во врска со сите активности поврзани со производството на тутун.

-комерцијална објава-

 

 

Back to top button
Close