Трамп со остра порака до Техеран: „Иран предолго чекаше, сега ќе ја плати цената“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри критики кон Иран, оценувајќи дека Техеран предолго го одложувал постигнувањето договор со Соединетите Американски Држави и предупредувајќи дека поради тоа „сега ќе ја плати цената“.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп повторно изнесе тврдења дека иранските вооружени сили се во целосен хаос и дека нивните поморски и воздушни капацитети речиси веќе не постојат.
„Тие се целосно поразени. Иран е само приказна без дела. Насилникот на Блискиот Исток е мртов!!!“, напиша Трамп.
Тој додаде дека Иран „предолго одолговлекувал“ со постигнување договор кој, според него, би бил поволен за иранската страна.
„Предолго чекаа да постигнат договор. Сега ќе мора да ја платат цената!!!“, порача американскиот претседател, без да прецизира на што конкретно се однесува неговото предупредување.
Изјавите на Трамп доаѓаат во период на засилени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, по размената на воени удари и контраудари во регионот и неизвесноста околу можноста за продолжување на дипломатските разговори меѓу двете земји.






