И Гејтс не знаел за злосторствата на Епстин

Косоновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на денешното сведочење за неговата поврзаност со покојниот сексуален предатор Џефри Епстин изјави дека никогаш никого не повредил и оти средбите со покојниот сексуален предатор биле „сериозна грешка во процената“.

– Никогаш не сум бил сведок, ниту имал никакви индикации дека Епстин бил вмешан во тековни криминални активности. Никогаш не сум бил на неговиот остров, ранч или во неговиот дом во Флорида. Никогаш не сум бил повредил никого, истакнува Гејтс во подготвената воведна изјава дадена за време на неговото сведочење зад затворени врати пред Комитет за надзор на Претставничкиот дом.

Гејтс истакнува дека во 2011 година имал три средби со Епстин и две следната година, додека во 2013 и 2014 година ги интензивирале средбите, кои биле за донации.

Тој тврди дека знаел за „претходните правни проблеми“ на Епстин, но оти „не го разбирал обемот на злосторства што ги извршил“.

Гејтс посочи дека Епстин се обидел да го уцени со цел да го принуди на соработка.

– Како што јавноста сега може да види во објавените материјали, Епстин се обиде да ги искористи информациите за моето неверство, со многу надоградени лаги, за да ме принуди на повторна соработка. Тој не успеа, но тоа покажува некои од начините на кои се обидел да ги искористи своите интеракции со мене за свои цели, наведе Гејтс.

Back to top button
Close