Се обидел да краде во црква па избегал, но полицијата го фатила: Уапсен 43-годишен од Бузалково со живеалиште во Скопје

На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје.
На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото.
Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.
Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото.






