Подгответе се за нестабилно време: Локално се очекува град и засилен ветер
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност, но попладне и во текот на ноќта се очекува промена на временските услови со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и проследени со пообилни врнежи и појава на град.
Метеоролозите предупредуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни, особено во подрачјата каде што се очекува невреме, поради можноста од краткотрајни, но интензивни временски непогоди.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од Скопската Котлина се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР препорачуваат граѓаните да ги следат најновите временски информации и навреме да преземат мерки за заштита во случај на појава на невреме. објави Скопје1.мк






