Огромни колони на грчката граница, се чека со часови

Сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција.

Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно.

„Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе царински пунктови, но бројот на возила е огромен“, изјавил еден патник од Србија кој патувал кон Грција со семејството, пренесе „Блиц“.

Возачите се советуваат пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини и да понесат доволно вода, храна и трпение, бидејќи се очекува засилен сообраќај и во текот на денот

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close