Ахмети: Нема засекогаш да бидам претседател на ДУИ
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, наговести дека нема да продолжи да ја води партијата во иднина, наведувајќи дека сака да се приклучи на редовите на ветераните.

За време на својот вчерашен говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети рече дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сака да го продолжи својот политички ангажман од друга улога.
Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните.
-Нема да останам засекогаш претседател на партијата. Исто така, сакам да се приклучам на ветераните и да видам како ќе се борам како ветеран, изјавил Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава.
Оваа изјава беше протолкувана како сигнал за подготовка на новите генерации во ДУИ да преземат поголема одговорност во водењето на партијата, додека Ахмети нагласи дека ќе продолжи да придонесува во политичките процеси дури и како ветеран на албанската кауза






