Судир меѓу осуденици, едно лице пренесено во Ургентен центар

На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје е пријавено дека на 12.06.2026 околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М., при што Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close