Домот на стари лица во Илинден е пуштен во употреба пред една недела. Денешната „реприза“ е за да има каде денеска премиерот да се слика.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на „пуштање“ во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. Инаку новиот современ дом за стари лица Оаза беше пуштен пред една недела кога во едниот дел од него се вселија првите станари.
Денешната реприза на отварање веројатно е поради секојдневната пи ар агенда на премиерот секој ден да има нешто да отвара или да промовиира и се разбира на новинарите кои во чекор го следат да им даде изјави за се и сешто за да ги пополни тв дневниците и вестте во другите медиуми.






