Најден тинејџерот кој откорна канделабра во Карпош, полицијата тврди дека ќе го казни

Screenshot

Полицијата го расчисти случајот со оштетување на канделабра за улично осветлување на подрачјето на Општина Карпош.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 јуни во 21:30 часот во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со 48-годишен скопјанец, откако било утврдено дека неговиот 13-годишен син го оштетил уличното осветлување.

Според информациите, настанот се случил на 11 јуни околу 21:30 часот на улицата „Волгоградска“, во близина на фитнес игралиште, каде малолетникот оштетил и откорнал канделабра.

Случајот бил откриен по пријава од Општина Карпош, по што полициските службеници од Полициската станица Карпош презеле мерки за негово расчистување.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close