Татко на дете што откорна канделабра во Карпош повикан во полиција

Полицијата дозна кој ја откорнал канделабрата во скопската населба Карпош 4, за што беше пријавено од општината во полиција, и го повика таткото на момче што го извршил вандалското дело.

– На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување, информира полицијата.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close