Нови правила на патарините: Од утре лентите за M-Tag исклучиво за електронска наплата

Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови.
„Упатуваме апел до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:
• наплата со MTAG
• наплата со MCARD, и
• наплата со CASH и MCARD
Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на лентите за МTag се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
Исто така, ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:
• зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
• црвен икс (X) – означува затворена лента
Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта, објави Скопје1.мк






