ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце не поминува низ нивните земјишта, затоа прават врева
Од ВЛЕН велат дека реакциите на опозицијата во врска со автопатот Скопјe-Блаце се само од причините што проектот „не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и е купено земјиште со надеж за милионски бенефиции од експропријација“.

ВЛЕН рече дека овој проект е стратешки, но дека е одложен и останал заложник на лични интереси, додавајќи дека сега, сето тоа ќе се реализира во пракса.
„Повиците на ДУИ за автопатот Скопјe-Блаце имаат само една причина; трасата не поминува таму каде што со години се правени пресметки и е купено земјиште со надеж за милионски бенефиции од експропријација.“, велат од ВЛЕН.
За прв пат победуваат граѓаните, а не партиските интереси, истакнуваат од ВЛЕН.
„Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да се направи да служи на индивидуални интереси, а не на интересите на граѓанинот, не успеа. Трасата се гради според професионални решенија и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние кои мислеа дека ќе се збогатат од овој пат“, стои во објавата на ВЛЕН.






