СДСМ: Во Ваташа одбележуваме 83 годишнина од масакрот од бугарскиот окупатор
Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор, велат од СДСМ.

„Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии. Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат како одговор од ужасите од Втората светска војна“, стои во соопштението на опозициската партија.






