Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на Г7 на брегот на Женевското Езеро изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран, иако верува дека тоа сепак се случило.

– Никогаш не ми беше грижа за промена на режимот … но претпоставувам дека сега имате промена на режимот – рече Трамп денеска по средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани.

На почетокот на војната на 28 февруари, Трамп ги повика Иранците да ја преземат контролата врз властите на својата земја. „Ова е единствената најголема шанса за иранскиот народ да си ја врати својата земја“, напиша тој тогаш на социјалната мрежа „Truth Social“.

Администрацијата на Трамп подоцна постојано тврдеше дека елиминацијата на голем број високи членови на иранското раководство ефикасно довела до персонална смена на самиот врв на земјата.

Трамп изнесе слични забелешки и на самитот, велејќи дека „првата“ и „втората“ група се мртви, како и делови од „третата група“. Луѓето со кои сега се преговара се рационални, рече тој – не се радикализирани и сакаат да ѝ помогнат на својата земја.

– Гледав промени на режими со години, тоа не функционираше – рече Трамп.

Back to top button
Close