Ер трактор гаснеше во Велес – пожарот беснее близу затворот
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила, доброволците од ДПД Бабуна, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес.
Опожарена е површина обрасната со сува трева и нискостеблеста деградирана шума.
Од АМСМ информираат дека околу 14:30 часот, поради зафатениот терен од огнот, сообраќајот на регионалниот пат Р-1312 Велес – село Извор е целосно затворен. Сообраќајот се пренасочува преку селото Горно Оризари.






