Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија

Министерот за одбрана на Данска, Јепе Брус денеска најави дека есенва ќе биде распореден баталјон од 850 војници во Летонија, чија задача ќе биде одвраќање на Русија.
Данскиот баталјон ќе го замени шведскиот контингент стациониран во балтичкиот регион.
– Важно е да ја одиграме својата улога во одвраќање на Русија, наведе Брус.
Распоредувањето контингенти полна поради руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.






