Украинската армија погоди руски танкер во Црно Море

Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија.

Целта е успешно погодена, а во моментот се проценува обемот на штета, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм.

Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во окупираниот дел од Херсонската област.

Back to top button
Close