Моди побара од Трамп во договорот со Иран да се гарантира безбедноста на индиските морнари


Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска побара од американскиот претседател Доналд Трамп во мировниот договор со Иран да се гарантира безбедноста на индиските морнари.

Барањето на Моди уследи откако пред неколку дена во американски напад врз комерцијален брод во близина на брегот на Оман загинаа тројца Индијци.

– Стотици илјади индиски морнари работат на светските океани во бродската индустрија и сметам дека нивната безбедност е од најголема важност, посочи Моди.

Тој истакна дека клучно за глобалната економија е Ормуската Теснина да биде отворена.

Back to top button
Close