Димитров: Антибугарската реторика и говорот на омраза во Македонија не престануваат од 1944 t

„Г-динот Вајц во последните години докажа, откако беше известувач за напредокот на РСМ, дека е доста близок до сегашната влада во Македонија. Вистината е дека мнозинството европратеници не ја поддржаа неговата идеја да ги избрише најнезгодните моменти за РСМ.

Историјата е несомнено најнезгодна и најиритирачка за Македонија. Ова беше и причината за барањето на Вајц за укинување на Заедничката комисија за историски и образовни прашања. Денешниот извештај не е само за неа. Тој зборува за огромни проблеми со владеењето на правото и уште еднаш нè потсетува дека мора да се направат уставни измени“. Ова го изјавил бугарскиот историчар и еден од копретседателите на Историската комисија, Ангел Димитров кој го коментирал Извештајот за напредокот на Македонија усвоен вчера Европскиот парламент.

 

Димитров кој е познат по своите контроверзни и провокативни ставови кон Македонија, истакнал дека, како што вели, антибугарската реторика и говорот на омраза не престанаа од 1944 година.

„Сега го видовме најновиот чин – палењето на дипломатски автомобили. Убеден сум дека не станува збор за некоја случајна личност. Исто така, убеден сум дека оваа личност нема да добие никаква строга казна. Како пример, можам да го наведам пироманот на клубот во Битола. Можам цврсто да кажам дека ниедна друга земја не направила повеќе за Македонија од Бугарија, но од друга страна добиваме само негативни коментари. Бугарија мора да има бескомпромисна политика кон Скопје. Имаме сосед кој води непријателска политика кон Бугарија и мора да добиеме категоричен одговор“, рекол Димитров за „БНТ“.

Тој информирал дека Историската комисија функционираа, но во моментов, како што вели, е во мирување. Појаснува дека сè уште ги разгледуваат учебниците по историја во Македонија за 7-мо одделение.

„Три години стоиме на 11-ти век и агендата на Комисијата не се помести. Ова се должи на фактот што нашите колеги од Скопје одбиваат да признаат дека сме имале заедничка историја. Да бидам искрен, напишан е нов учебник за 7-мо одделение, во кој се исфрлени некои такви провокации за тоа како Бугарите се Татари. Со тоа што ја доведуваат во прашање нашата интерпретација на минатото и се обидуваат да ја потврдат само нивната теорија за македонизмот, тие ја таргетираат Бугарија и бугарската државност. Сите знаеме дека теоријата за македонизмот ја измислил српски историчар“, додал Димитров, пренесува бугарски „Факти“.

Back to top button
Close