Не се со сите…

Со уплашен и осиромашен народ најлесно е да владееш. Таа формула најквалитетно ја користат ДПМНЕ, кои, зад акронимот ВМРО, не прават ништо друго освен што, постојано го заплашуваат “стадото“ дека, ако не северните и јужните, ако не источните, ондак, домашните предавници од различните етнички заедници и политички структури, “шиптарите“ на пример,, ќе им ги изедат националните атрибути за појадок, како сув сендвич на Камени односно у аутобус за Струмица.
Ќе им го изедат идентитетот, јазикот, верата, националната определеност, ќе им ја уништат државата за која признаваат дека ја стекнале на Илинден после АСНОМ, а не после Мечкин, па ако не бидат со ДПМНЕ, со Љубчо, Грујо, Мицко, не се со сите. Знаат и тоа дека ако постоел ваков страв кај Питу, Јане, Гоце, Даме, кај Гемиџиите од Солун, дека никад, ни тад, не би се кренало Востание против петвековниот поробувач Османлиите, и гајле им е. Уживаат во грабежот на сопствената демек демократска и модерна Македонија, “заштитувајќи” ја од европската иднина, истовремено оцрнувајќи ги револуционерните подвизи на оние кои ги опеваат и слават.
Ова не може да го прават патриоти, современици на демократијата, а посебно НЕ од оние кои се колнат во национално единство на Македонците преку ДПМНЕ. Ваква тактика може да применуваат само високо позиционирани предавници и големи апаши на сопствената држава. Никој друг
Додека осиромашените и уплашени немаат друга опција освен, да уживаат во брљата и сендвичите во автобусите и да пеат “Македонско име нема да загине“, “Конгрес во Солун“, “Никогаш Северна само Македонија“, “Ќе го вратиме името”, свесни дека ниту името може да загине, да исчезне, ниту се обидуваат да го вратат, ниту пак се одржал или ќе се одржи Конгрес во Солун, кога гледаат, слушаат а се прават глуви и слепи, додека сите властодршци од ДПМНЕ чиниш со сласт и уживање изговараат Северна Македонија. Ова за жал, не можат да го разберат сите…
Најверојатно дека не се со сите.
Борче Трајковски  фб статус

Back to top button
Close