Руте: Русија ќе направи голема грешка ако нападне земја-членка на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел, ја предупреди Русија дека ќе направи голема грешка ако се обиде да нападне сојузник на Северноатлантската алијанса.

Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин мора да одлучи дали ќе учествува во мировните преговори со Украина, а дотогаш НАТО треба да продолжи со воената поддршка за Киев.

Според него, 75 проценти од руските даночни приходи се користат за воени цели.

Гледаме дека Украина ја држи линијата на фронтот, иако во последно време не врати многу територија, но, предизвикува штета на руската енергетска и воена инфраструктура, истакна Руте.

Тој посочи и дека земјите-членки на НАТО, со исклучок на САД, минатата година за одбраната потрошиле дополнителни 139 милијарди долари.

Руте се осврна и на најавите а САД за повлекување на военото присуство во Европа.

– Алијансата минува низ можеби најголемата трансформација досега. Отсекогаш знаевме дека постои можност американските сили да бидат потребни на друго место во светот. Оваа промена ги зајакнува одбранбените планови на НАТО и ги прави пореални, наведе Руте.

Back to top button
Close