Од сметката ѝ исчезнале над 80.000 денари: Тетовка пријавила злоупотреба на платежна картичка
Педесетгодишна жителка на Тетово пријавила злоупотреба на нејзината дебитна платежна картичка, откако утврдила дека од нејзината трансакциска сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции.

Според информациите од СВР Тетово, жената на 18 јуни во 14:00 часот го пријавила случајот во полиција. Таа навела дека во текот на мај годинава, преку мобилното банкарство забележала недостиг на средства на својата сметка, но поради подолго боледување не била во можност веднаш да го провери случајот во банката.
На 17 јуни, откако подигнала банкарски извештај, констатирала дека во периодот од 23 мај 2025 до 12 мај 2026 година биле реализирани повеќе неовластени трансакции, при што била оштетена за околу 80.273 денари.
Како што пријавила, платежната картичка и податоците од неа никогаш не ги споделила со трети лица.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.





