И Холандија распоредува воена фрегата во Ормуска Теснина

Холандија денеска соопшти дека ја пренасочила својата воена фрегата кон Ормуска Теснина, за да се приклучи кон евентуалната меѓународна мисија.
– Фрегатата за противвоздушна одбрана во моментот се наоѓа во Индо-пацифичкиот регион и ќе и требаат неколку недели за да пристигне во Ормуска Теснина, изјави холандската министерка за одбрана Дилан Јесилгоз.
Франција и Велика Британија продолжуваат со плановите за мултинационална поморска мисија во Ормуска Теснина, но Иран сигнализира дека е против какво било странско воено присуство во мореузот.
Германија вчера соопшти дека распоредила два брода во Црвено Море како подготовка за евентуална воена мисија во Ормуска Теснина.






