Судир на два воза северно од Лондон, службите за итна помош на терен

Британската транспортна полиција вечерва соопшти дека реагира на пријави за судир меѓу два воза северно од Лондон.

 

Службите за итна помош соопштија дека нивни екипи се на местото на несреќата, а според медиумските извештаи има и повредени лица.

 

„Реагираме на пријави за судир во кој учествувале два воза во областа на Бедфорд“, објави транспортната полиција на платформата Икс.

 

Бедфорд е трговски град на околу 90 километри северно од британската престолнина.

 

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи може да се види оштетен воз кој е превртен на шините, како и патници кои се наоѓаат на полето покрај него.

 

Железничката компанија „Ист Мидлендс Реилвеј“ соопшти дека службите за итна помош интервенираат поради инцидент на линијата меѓу станицата „Сент Панкрас“ во Лондон и градот Лестер во централна Англија.

 

Засега нема официјални податоци за бројот и тежината на повредените.

Back to top button
Close