Петмина повредени во сообраќајка на три возила кај Битолско, едниот возач имал забрана за возење


Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на патот Битола-Маково кај селото Логоварди, соопшти полицијата.

За сообраќајката било пријавено во СВР Битола на 20.06.2026 во 00:19 часот. Сударот се случил помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(23) од селото Логоварди, патничко возило „форд“ со битолски регистарски управувано од А.П.(23) од Битола во кој бил 13-годишник сопатник од Битола, како и патничко возило „мазда“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.К.(23) од Добромири општина Новаци и сопатничка А.К.(29) од селото Добромири.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.П.и А.К., а сопатниците се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Од страна на полициските службеници лишен од слобода бил возачот Д.Б. бидејќи возилото го управувал во сообраќај на пат под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close