Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Грчкиот остров Крит денес беше погоден од земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, 119 километри југозападно од Хераклион, на отворено море.
Не е издадено предупредување за цунами.






