Британскиот министер за економија не верува дека премиерот Кир Стармер утре ќе поднесе оставка

Британскиот министер за економија, Питер Кајл, денеска изјави дека „нема причина да верува“ дека премиерот Кир Стармер утре ќе поднесе оставка.
Кајл тоа го изјави откако британски медиуми, меѓу кои и „Обзервер“ објавија информации дека се очекува оставка на Стармер и оти веќе е изготвен распоред за негово повлекување.
Министерот за „Скај њуз“ изјави дека во петокот имал „искрен“ разговор со Стармер.
„Немам причина да верувам дека тие наводи се точни. Гледам многу шпекулации“, рече Кајл.
Тој додаде дека во разговорот премиерот „ниту еднаш не зборувал за личен интерес“ и дека „секогаш станувало збор за државата“.
„Денес, како и секој друг ден откако го познавам Кир Стармер, тој работи напорно. Истовремено се обидува да создаде простор за размислување за политичките реалности, предизвици и можности што не очекуваат“, додаде Кајл.
Позицијата на Стармер беше разнишана во петокот откако неговиот главен ривал во Лабуристичката партија, Енди Бурнам, освои место во Парламентот.






