Топлотен бран ја зафати Европа: Температурите достигнуваат до 40 степени

Голем дел од Европа е погоден од силен топлотен бран, а метеоролозите предупредуваат на екстремно високи температури и можни последици по здравјето на населението.

Во Велика Британија се очекува врвот на жештините да биде во вторник и среда, кога температурите на некои места би можеле да достигнат и до 35 степени Целзиусови. Британската метеоролошка служба издаде предупредувања за можни здравствени ризици, особено за постарите лица, хронично болните и другите ранливи категории граѓани.

Метеоролозите проценуваат дека оваа недела би можел да биде соборен рекордот за најтопол јуни во историјата на мерењата во Велика Британија. Актуелниот рекорд од 35,6 степени е измерен во Саутемптон во 1976 година.

Во меѓувреме, екстремно високите температури ја погодија и континентална Европа. Во Мадрид за утре се прогнозираат дури 39 степени, во Рим до 37 степени, додека во делови од Франција температурите достигнуваат и до 40 степени Целзиусови.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close