Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде отворена  изложба на 50 автентични фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко, кои се дел од приватната колекција на Николчо Делов.

Колекцијата е сведоштво за упорноста, успехот и припадноста, приказни испишани преку спортот, пријателството и заедничката меморија.

Изложбата е посветена на Андреј Лазаров и  жртвите од пожарот во Кочани.

Отварањето на изложбата е закажано за 19 часот во Салон „Фоаје 2“.

Изложбата е дел од проектот финансиран од Министерството за култура и туризам.

Back to top button
Close