ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедени, никој не е во бегство

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека сите осомничени во предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени и во моментов нема лица кои се недостапни за органите на прогонот.

Како што соопштија од Обвинителството, денеска за двајца осомничени се определени мерки на претпазливост, додека за едно лице е изречена мерка куќен притвор.

„Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и еден куќен притвор, така што сите осомничени се обезбедени, никој не ни недостасува“, информираа од Обвинителството.

Со ова, според надлежните, сите лица опфатени со истрагата за случајот поврзан со ФФМ се достапни за понатамошното водење на постапката.

Од Обвинителството засега не соопштуваат дополнителни детали за осомничените и за конкретните дејствија што им се ставаат на товар.

Back to top button
Close