Уапсен е 51 годишен гевгеличанец – ја претепа сопругата
МВР информира дека вчера во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С.(51) од Гевгелија.

Од МВР информираат дека 51-годишниот бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.






