Сопругата на Македонецот обвинет за убиство на жена во Грција: „Невин е, го поддржувам до смрт – никогаш не погледнал друга“43 год. Скопјанец го признал убиството

Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството на 45-годишната Ставрула Левендаки на Крит тврди дека нејзиниот сопруг е невин и дека случајот претставува заговор против него.

Пред неговото денешно појавување пред судот, таа во изјава за грчката телевизија Мега изрази целосна поддршка за сопругот и категорично ги отфрли обвинувањата.

„Сигурна сум дека е невин. Го поддржувам до смрт. Мојот сопруг никогаш не погледнал друга жена, ниту кога бил помлад, ниту сега по 20 години брак“, изјавила таа.

Сопругата ја опишала Левендаки како „чудна жена“ и повторила дека верува оти нејзиниот сопруг е жртва на заговор.

Во меѓувреме, грчките медиуми објавија аудио-снимка од разговор меѓу осомничениот и братот на убиената жена. Според објавеното, тој во разговорот изразува загриженост за нејзината состојба и вели дека сака таа да биде пронајдена.

Случајот со недели ја бранува грчката јавност. Македонскиот државјанин, кој живеел како потстанар во имотот на Левендаки, е осомничен дека ја убил жената, а потоа го сокрил нејзиното тело на нива во близина на Ханија.

-Мојот сопруг никогаш не погледнал друга жена, ни како млад, ниту пак сега, кога сме заедно 20 години. Го поддржувам до смрт, тој е невин и ова е заговор против него, тврди сопругата на скопјанецот Миско Л. (43), обвинет за убиството на Гркинката Ставрула Левендаки (45) на Крит. Нејзиното тврдење го објави грчката телевизија Мега.

Но, и покрај тоа што таа е уверена дека Миско бил невин, тој веќе го признал делото и детално опишал како се случило убиството на Ставрула, со која бил во интимна врска, а исто така и живеел под наем во нејзин објект.

Грчкиот медиум Прототема вчера го објави неговото сведоштво, во кое раскажувал како трипати се враќал да ја докрајчи несреќната жена. Настанот се случил на 30 мај, кога за време на кавга тој ја удрил со шише по главата, и првин помислил дека е мртва. Кога таа започнала да дава знаци на живот, ја прободил со нож во пределот покрај срцето, а кога таа повторно се освестила, ја удрил по главата со греда. Потоа ја закопал на нива на која претходно работел.

Се правдал дека тој ден користел канабис и немал намера да ја убие жената. Пред тамошните надлежни органи појаснувал дека таа му се заканувала дека ќе и каже на неговата сопруга дека ја силувал, и дека со години имале конфликтна врска и биле интимни.

Според грчките власти, резултатите од истрагата, како и ДНК анализите и сведоштвата и помогнале на полицијата да дојде до сторителот. Инаку, Ставрула била исчезната од 30 мај, а нејзиното исчезнување во полиција било пријавено на осми јуни.

Веста за морничавото убиство се најде во речиси сите тамошни медиуми и предизвика бурни јавни реакции.

 

Back to top button
Close