Излетан товарен камион предизвика отежнат сообраќај кај Стража
Камион излетал од патот пред Стража кон Охрид поради што сообраќајот се одвиваше по една лента, пренесе Експрес.

Пред Стража, во правец кон Охрид, денеска околу пладне излетал товарен камион од патот. Според фотографијата од инцидентот возилото завршило вон коловозот.
За среќа, во инцидентот нема повредени ниту загинати лица. На местото на настанот присуствува полиција која го регулира сообраќајот.
Поради излетаниот камион, патот е блокиран на една лента, што предизвикува застој и отежнато одвивање на сообраќајот во насока кон Охрид.
Надлежните служби работат на отстранување на возилото и нормализација на состојбата на патот.
(Фото: expres.mk)






