Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција


Денеска е најтоплиот ден регистриран во Франција од почетокот на мерењата во 1947 година, при што во западниот дел на земјата се соборени повеќе температурни рекорди – соопшти Француската национална метеоролошка служба.

Националниот термички индекс, кој ја претставува просечната вредност на дневните и ноќните температури во 30 референтни метеоролошки станици, достигна 29,8 степени, според прелиминарните податоци објавени денеска.

Оваа вредност е повисока од претходните рекорди од 25 јули 2019 година и од 5 август 2003 година, кога индексот изнесуваше 29,4 степени.

Back to top button
Close