УХМР: Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

Помеѓу Неготино и Демир Капија во моментов има силна нестабилност проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР информира дека централните и североисточните делови од државата се уште се зафатени со нестабилност.
Управата соопшти дека попладнево во 17 часот невреме со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град имаше во регионите на Штип и Гевгелија и дека невремето полека се движи кон југоисток.






