Ковачев: „Не сме ви непријатели – застојот на европскиот пат не е резултат на бугарската, туку на македонската политика“

Бугарскиот европратеник – Андреј Ковачев вели дека е неопходно градење искрени добрососедски односи и надминување на отворените прашања кои го попречуваат европскиот пат на Скопје.

Тој на извештајот за Македонија гледа како на документ кој содржи неколку точки меѓу кои и почитување на историјата и исполнување на обврските.

„Бугарија и Бугарите не се ваши непријатели. Ние сме најблиски роднини и пријатели“, вели Ковачев и потенцира дека „политичарите во Македонија имаат одговорност и обвини за застојот на европскиот пат, за кој вели дека не е резултат на бугарската политика, туку на одбивањето на дел од политичарите во Македонија да ги исполнат преземените обврски“.

Целта на Софија е стабилна и просперитетна Македонија во рамките на европското семејство, смета Ковачев и напоменува:

„Бугарија сака Македонија да биде дел од нашето заедничко демократско европско семејство, и тоа што е можно побрзо. Ве чекаме во Европската Унија“.

Back to top button
Close